Познатите брендови на прехранбената компанија Витаминка од Прилеп, „Цевитана“ и „Витанез“, прогласени се за Superbrands за 2011/2012 година. Ова признание ги верифицира напорите на менаџментот на Витаминка, да произведува квалитетни производи, по достапна цена, а истовремено ги вброи овие производи во групата на брендови од оваа фабрика кои досега веќе се закитија со ознаката Superbrands. Прогласувањето на Цевитана и Витанез за Superbrands е доказ дека нашето повеќегодишно вложување во производството и технологијата има позитивен ефект и е единствен начин да се добие квалитетен производ. Тоа што потрошувачите ги препознаваат и избираат токму нашите производи е доволна награда за нас, а признанието Superbrands, само ја заокружува приказната за Витаминка, како фабрика која прави производи со одличен квалитет, препознатливи и барани на пазарот. „Витанез“ е мајонез кој годинава слави 20 години постоење на пазарот, додека „Цевитана“ е енергетски пијалок, кој е и официјален пијалок на Македонската кошаркарска репрезентација.
Познатите брендови на прехранбената компанија Витаминка од Прилеп, „Цевитана“ и „Витанез“, прогласени се за Superbrands за 2011/2012 година, соопшти компанијата.
Ова признание ги верифицира напорите на менаџментот на Витаминка, да произведува квалитетни производи, по достапна цена, а истовремено ги вброи овие производи во групата на брендови од оваа фабрика кои досега веќе се закитија со ознаката Superbrands, се наведува во соопштението.
„Прогласувањето на Цевитана и Витанез за Superbrands е доказ дека нашето повеќегодишно вложување во производството и технологијата има позитивен ефект и е единствен начин да се добие квалитетен производ. Тоа што потрошувачите ги препознаваат и избираат токму нашите производи е доволна награда за нас, а признанието Superbrands, само ја заокружува приказната за Витаминка, како фабрика која прави производи со одличен квалитет, препознатливи и барани на пазарот“, вели Владимир Трпаноски, комерцијален директор на Витаминка.
„Витанез“ е мајонез кој годинава слави 20 години постоење на пазарот, додека „Цевитана“ е енергетски пијалок, кој е и официјален пијалок на Македонската кошаркарска репрезентација.